Три лица повредени во пожар во Албанија, повеќ од 2000 луѓе евакуирани

t

Три лица повредени во пожар во Албанија, повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани
Три лица беа повредени во пожар во близина на градот Делвина во јужна Албанија, а околу 2.000 жители беа евакуирани.

Три лица беа поврTедени во пожар во близина на градот Делвина во јужна Албанија, а околу 2.000 жители беа евакуирани.

„Три лица претрпеа изгореници и се задушија од чад“, изјави заменик-градоначалничката на Делвина, Брунилда Мелеќи.

Таа изјави дека шест села се евакуирани и дека пожарот уништил црква и 11 куќи.

-Пламените јазици, разгорени од силниот ветер, зафатија 11 куќи и црквата „Свети Димитрија“ изградена пред два века, споменик на културата од прва класа. Пожарникарите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, но нивната работа е отежната од стрмниот планински терен, дополнително високите температури и ветерот, објави Топ Ченел.

Покрај пожарникари, припадници на армијата, граѓани во гаснењето се вклучени и два хеликоптери, бидејќи пожарот е опасност и за други соседни села.

Според жител на селото Сеница, ситуацијата останува тешка. До сега се опожарени и големи површини шума, додека неколку други домови се во опасност.

Во последното деноноќие на територијата на Албанија регистрирани се 45 пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…