ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“: Ванковска за Силјановска Давкова
Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите на претседателката со претставници на локалните власти.
„Средбите на претседателката на Републиката со претставници на локалните власти, во предвечерие на распишување локални избори е, во најмала рака, “крајно невообичаено” (да употребам нејзина фраза). Всушност, срамно е. Не пиеме нафта. Наместо да се држи до своите државнички ингеренции, поранешната професорка по локална самоуправа и кандидатка на владејачка партија се прави недоветна и се слика со носители на локална власт. Таа мора да знае кога ја манипулираат… или пак можеби свесно им возвраќа на оние кои ја донесоа на позиција?
Ако веќе требаше да се сретне со некого или да изрази јавен став (во Ен-џи-о-ашки стил “и јас сум жена”), тоа требаше да биде градоначалничката на Скопје, а не претставничка од дијаспората.
А ако имаше макар два прста морална совест наместо да оди на музички фестивал ќе се обратеше во она срамно Собрание кое не изгласа хуманитарна помош за изгладнети деца!
Оваа жена живее на некоја своја планета“, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…
Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…
Утрово во Скопје 30°C – дали денеска…
Уште во раните утрински часови, Скопје веќе…
Млади математичари од Македонија донесоа злато и…
Младите математичари од Македонија, Алексиј Тасиќ и…
НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија…
Викендот во Македонија времето е стабилно, суво…
Енчев бара Бугарија да го отповика својот…
Бугарскиот дипломат и поранешен амбасадор, Велизар Енчев…