33 пожари на отворено – 12 активни, 5 под контрола
Македонија33 пожари на отворено – 12 активни, 5 под контрола, 16 изгаснатиAvatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 27/07/2025
Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати.
Меѓу најкритичните активни пожари се издвојуваат оние во Василево, Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка и Петровец, каде што гори мешана шума, бор, нискостеблеста вегетација и сува трева. Во некои региони, како Прилеп и Василево, има повеќе активни жаришта, а дел од нив се прошириле и кон други општини и села.
Пожарите што се ставени под контрола се забележани главно во регионот на Македонски Брод, Штип, Струмица и Карбинци, а се работи за пожари на сува трева, деградирана шума и висока вегетација.
Во изминатите 24 часа, целосно се изгаснати 16 пожари, меѓу кои и на локации во Скопје (Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари), Куманово, Штип, Струга, Василево, Карбинци и Кривогаштани. Најчесто се работело за пожари на стрништа, дива депонија, сува трева и грмушки, но има и случаи на опожарена штала и мешана шума.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
33 пожари на отворено – 12 активни,…
Македонија33 пожари на отворено – 12 активни,…
ПЛАНИНИ И ШУМИ ВО ПЛАМЕН, СЕЛАТА ПОД…
Пожари беснеат низ неколку региони во државата,…
ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…
Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…
Утрово во Скопје 30°C – дали денеска…
Уште во раните утрински часови, Скопје веќе…
Вчера имало вкупно 29 пожари
На 19/20.07.2025 година до 08:00 часот, има…