СДСМ: Не глумете опозииција, објавете имиња, во спротивно сте соучесници во палењето

t

Реакција на СДСМ

Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми опозиција, иако веќе втора година се централна, а четири години локална власт, изгоре пола Македонија.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ нема одговор и се обидува да избега од одговорност за катастрофалното водење на државата, вината се обидуваат да ја префрлат на опозицијата.

Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

Можеби треба да излезе да ја обвини СДСМ и сега откако е удобно на власт.

Би сакале да ги потсетиме во ВМРО-ДПМНЕ дека лицето за кое зборуваат дека ја уништило способноста за противпожарна заштита е во коалиција со Христијан Мицкоски, поставен како директор на Дирекцијата за заштита и спасување со зголемена плата за 30% потпишана токму од Христијан Мицкоски.

На лицето Стојанче Ангелов во последните две години му изгоре површина како што вкупно во 30 години нема изгорено.

Што се однесува до смешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои глумат опозиција, ги повикуваме веднаш и неодложно, јавно да ги објават имињата на сите оние кои подметнувале пожари.

Секое одбивање да се објават имињата на потпалувачите ќе го сметаме за соучесништво на ДПМНЕ во потпалувањето на пожари и смислено сценарио за одвлекување на јавноста од проблемите предизвикани од апсолутната неспособност на оваа Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес почесна артилериска стрелба по повод Денот…

На 17 август 2026 година (понеделник), со…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…

Во времето на царот Декиј имаше големо…

Стабилно и топло време со температури до…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…