Објавено на:

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско

t

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 1, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години предвидено во член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три жени осомничени за полови дејствија со…

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…

Трагичен крај на потрагата: Исчезнат маж од…

Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската…

Професорот Трајковски: Дали можеме да определиме колкав…

Дали можеме да определиме колкав е профитот…

Арсовска: Прашајте ги МОК и Борко колку…

Една молба за сите вас кои сте…

Практично се враќаат визите: За да влезат…

Европската Унија објави дека Системот за влез/излез…