Македонски државјанин пронајден мртов во стан во Саранда
Македонски државјанин е пронајден без знаци на живот во стан каде што престојувал на одмор, во крајбрежниот албански град Саранда.
Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот.
-Полицијата во Саранда објави дека жртвата, идентификувана како О. Ј. (20), била пронајдена од членовите на неговото семејство додека бил во станот каде што престојувал за време на престојот во Албанија, објавија медиумите.
Прелиминарниот преглед на телото не открил никакви траги на насилство. Се сомнева дека младиот човек починал од природна смрт, но обдукцијата треба да ја потврди причината.
Властите продолжуваат со истрагата за да ги разјаснат сите околности на овој трагичен настан.
Ова е втор трагичен крај на македонски државјанин, за време на престој во Албанија.
Во средината на овој месец во близина на Драч, на плажата кај Каваја, се удави 66- годишен македонски државјанин.
Според полицијата по влегување во морската вода доживеал срцев удар. Други капачи го забележале давеникот, кои веднаш се упатиле да му помогнат, а интервенирала и брзата помош, но човекот бил починал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Им впериле пиштол: Татко и син нападнати…
На 04.10.2026 во 21:30 часот во СВР…
Филипче: ЕУ го потврди идентитетот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
Владата на Јемен започна целосна војна против…
Јеменските владини сили, поддржани од Саудиска Арабија,…
Судење за Онкологија: Обвинителството ги оспори заклучоците…
Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на…
Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што…
Владата има добиено доверба од граѓаните за…