Објавено на:

Пожари се шират по Балканот — Македонија досега со најмалку последици (НАСА мапа на пожарите)

t

Балканот гори. Целиот јули се бележат пожари низ речиси сите земји од регионот, со човечки жртви, уништени домови, манастири, илјадници хектари шума и економски загуби. Но, за сега, Македонија поминува со најмали последици.

Најтешка е ситуацијата во Грција, каде веќе се потврдени седум жртви, десетици повредени и огромни штети среде туристичката сезона. На Халкидики, неколку општини се без струја и вода. Островите, како Евија, се особено погодени, со уништени шуми и илјадници загинати животни. Пожари беснеат и на Пелопонез, Китира и Крит, а властите предупредуваат на нови жаришта поради силните ветрови.

На Кипар, две лица загинаа во пожар кај Лимасол кој зафати над 100 км². Стотици луѓе се евакуирани, а десетина се повредени, некои тешко.

Во Албанија температурите достигнаа 43°C, а пожарите се најинтензивни во јужниот дел — во Борш, Делвина и Валона. Изгореа црква и 11 куќи, а повредени се три лица, меѓу кои и полициски началник. Шест села се евакуирани, а ангажирани се армијата, хеликоптери и меѓународна помош, вклучително и канадски авион од Италија.

Слична е ситуацијата и во Србија. Таму се активни над 100 пожари, особено во близина на Ниш, Врање, Крагуевац и други градови. Ангажирани се над 500 пожарникари со поддршка од хеликоптери. Северот и центарот на земјата се зафатени и од невреме.

Во Хрватска, Црна Гора и Херцеговина огнот уништува куќи, имоти и земјоделски површини.

Според НАСА мапите, целиот медитерански појас — од јужна Италија преку Балканот до Турција — е погоден од интензивен топлотен бран и пожари.

Во Македонија, до вчера се регистрирани 29 пожари, од кои 10 сè уште се активни, 16 се изгаснати, а три се под контрола. Најзасегнати се општините Василево, Прилеп, Македонски Брод, Штип, Зелениково, Желино, Струмица и околината на Скопје.

За среќа, досега нема жртви или значителна материјална штета како во другите земји. Но, загрижувачки е тоа што најголем дел од пожарите се предизвикани намерно — со палење гуми или други лесно запаливи материјали. Полицијата веќе работи на откривање сторители.

Противпожарните служби се на терен, а со очекуваните дождови и пад на температурите, се надеваат на стабилизирање на ситуацијата. Пожарите во Кочани, Куманово, Гостивар, Ресен и делови од Скопје се веќе изгаснати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожари се шират по Балканот — Македонија…

Балканот гори. Целиот јули се бележат пожари…

Јапонија: Три дрона навлегле во нуклеарниот комплекс…

Компанијата „Кјушу Електрик Пауер“, која управува со…

Поради пожарите, прогласена е вонредна состојба во…

Вонредна состојба е прогласена на целата територија…

(Видео) Ова се лицата кои се тепаа…

По објавување на видео на социјалните мрежи…

Македонски државјанин пронајден мртов во стан во…

Македонски државјанин е пронајден без знаци на…