САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини од 15%
Со месеци, спорот околу царините меѓу САД и ЕУ предизвикуваше неизвесност. Сега е постигнат компромис, соопштија Доналд Трамп и Урсула фон дер Лајен. Царините ќе изнесуваат 15 проценти наместо 30 проценти
Соединетите Американски Држави и Европската Унија, по неколкумесечни тешки преговори, се согласија за трговски договор кој, според американскиот претседател Доналд Трамп, предвидува царина од 15 отсто за производите од ЕУ. „Постигнавме договор. Тоа е добар договор за сите“, рече Трамп во неделата по едночасовниот состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Трнбери, Шкотска. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави договорот во царинскиот спор, додека Здружението за надворешна трговија зборуваше за „болен компромис“.
Според Трамп, царината од 15 отсто важи и за увозот на европски автомобили. „Се согласивме дека царината за автомобили и сè друго паушално ќе изнесува 15 отсто“, рече Трамп. Според неговите изјави, во договорот, ЕУ се обврзала на дополнителни инвестиции во САД во износ од 600 милијарди долари (510 милијарди евра) и на купување енергија во вредност од 750 милијарди долари
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…
Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…
Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Стејт департментот одобри продажба на оружје на…
Американскиот Стејт департмент објави дека одобрил предлог…
Политико: Трамп му даде одврзани раце на…
Четиринаесетгодишната Софија Глињана седела на клупа на…
„Њујорк пост“: САД го напуштаат УНЕСКО
Соединетите Американски Држави ќе се повлечат од…