Изгорени куќи во село Рудинци – Пеколна ноќ во Старо Нагоричане
„Во Рудинци има изгорени куќи, некои каде што живеат луѓе, некои каде што не живеат. За точна бројка сè уште не можам да кажам“, изјави Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане.
Пожарот се ширел со неверојатна брзина, зафаќајќи тешко пристапни терени – долови, ридови, па дури и стигнал до железничката пруга, префрлајќи се и кон кратовското село Димонце.
„Гасевме до 3 часот наутро. Со две возила, осум пожарникари и помош од локалните жители успеавме да го ставиме под контрола. Беше страшно, особено бидејќи се ширеше многу брзо и беше практично невозможно да се предвиди каде ќе удри следно“, вели Трајковски.
Струјата во селото е исклучена од безбедносни причини, поради оштетувања на бандери и трафостаница.
Пожарот избувнал во петокот навечер, бил изгаснат, но во саботата повторно избил – не на исто место, туку на друга локација, што упатува на сомнеж за намерно подметнување, изјави Далибор Трајковски за Трн.мк.
Најважната информација, за среќа, е дека нема човечки жртви. Во наредните денови се очекува увид на теренот и објавување на официјална бројка за уништените објекти.
„Сега е изгаснато, но сè уште чади и дими. Утре ќе излеземе со прецизни податоци“, додаде Трајковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгорени куќи во село Рудинци – Пеколна…
„Во Рудинци има изгорени куќи, некои каде…
Повреден војник што се борел со пожарот…
Повреден припадник на македонската Армија денеска бил…
Активни пожари во кумановските и селата од…
Активни се пожарите во кумановските и селата…
Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири…
Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати…
33 пожари на отворено – 12 активни,…
Македонија33 пожари на отворено – 12 активни,…