Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово, стадионот „Димитар Беровски“ привремено ќе биде затворен

t

Специјалните противпожарни возила и опремата, кои денеска заедно со 50 професионални пожарникари од Словенија ќе пристигнат во Берово, ќе бидат распоредени на стадионот „Димитар Беровски“ како логистички центар со сите расположливи ресурси. Поради тоа, стадионот ќе биде привремено затворен за јавноста, информираа од Општина Берово.

Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека словенечките екипи ќе тргнат денеска околу пладне, а нивното пристигнување се очекува во вечерните часови.

Тие ќе бидат дел од координираните напори за гаснење на пожарот на Готен, кој и понатаму е активен и тешко достапен.

Ова не е првпат Словенија да испрати поддршка. Во 2021 година, словенечките и австриските пожарникари активно учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата, покажувајќи континуирана солидарност и партнерство со Македонија. Во пожарите во 2021 година во Берово загина словенечкиот пожарникар Жан Кофол, поради што Општина Берово именуваше улица во негова чест.

Покрај Словенија, подготвеност за поддршка изрази и Франција, која понуди дополнителна помош за справување со шумските пожари што ги зафатија делови од источна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…