Македонија во пламен

t

Пожари беснеат ширум Македонија, а од час во час се појавуваат нови жаришта. Според последниот пресек, на територијата на државата има вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати, информираше на прес конференција првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Најкритично и понатаму е на планината Готен. И по речиси две недели сè уште гори планината Готен и од беровска страна. Таму помош пристигнува од Словенија. Градоначалникот, Звонко Пекевски за 24 вели дека до денес постојано се гасне само од копно, иако побарале огнените стихии на малешевијата да се гаснат и од воздух.

Меѓународна помош ќе пристигне во земјава да помогне во справување со пожарите. Чешка испраќа хеликоптер со седумчлен екипаж, а утре во Берово ќе пристигне тим од Словенија составен од 61 пожарникар со 18 возила. Понудена помош за гасење на шумските пожари има и од Австрија, и Франција, но според Ангелов, во моментот нема потреба за понудената помош.

И додека пламените јазици беснеат ширум државата, Министерот за животна средина, Изет Меџити пак, уверува дека ќе има пошумување секаде каде што ќе биде потребно.

Инаку, во тек е административна селекција на пријавените кандидати за идни пожарникари, а наскоро ќе почнат и обуките – најави директорот на ДЗС, Ангелов и потврди дека новоизбраните пожарникари нема да бидат ангажирани на поголеми и поризични пожари. Тој оценува дека состојбата со пожарите е тешка, но апелира до граѓаните да внимаваат и да ги проверуваат информациите што доаѓаат од разни социјални мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија во пламен

Пожари беснеат ширум Македонија, а од час…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрли целосно во справување…

ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите,…

Мицкоски вели дека состојбата со пожарите е…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата…

Македонија во пекол: 9 пожари беснеат низ…

Додека земјата се соочува со екстремно топло…

Изгорени куќи во село Рудинци – Пеколна…

„Во Рудинци има изгорени куќи, некои каде…