ОЈО Скопје поведе постапка за загрозување на животната средина со отпад
Основното јавно обвинителство Скопје во координација со СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поведе постапка против две физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 од Кривичниот законик.
По преземените дејствија по наредба на јавен обвинител, полицијата денеска поднесе кривична пријава против сопственичката и неформалниот сопственик на правното лице од Шуто Оризари. Тие подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале соодветна дозвола за управување со отпад.
На 9 јули, на локацијата бил предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можел веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал биле испуштени чад, пепел и штетни гасови во амбиенталниот воздух и била предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери.
По барање на јавниот обвинител, непосредно по настанот, Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата изврши мерења и детекција на хемиска и токсична индустриска контаминација при што утврди зголемено ниво на загадување. Во текот на предистражната постапка, Единицата за економски и компјутерски криминал на СВР Скопје веќе презеде голем број дејствија по наредба на јавниот обвинител, кои вклучуваат обезбедување на целокупната документација за работата на правниот субјект и на други докази. Вонреден инспекциски надзор на локацијата изврши и Државниот инспекторат за животна средина, при што беа констатирани неправилностите во работата и записникот беше доставен до обвинителството. Надлежниот јавен обвинител во следниот период ќе продолжи да презема дејствија, при што ќе изврши распити на повеќе лица и ќе нареди соодветно вештачење за целосно испитување на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Скопје поведе постапка за загрозување на…
Основното јавно обвинителство Скопје во координација со…
Починало едноиполмесечно бебе на Детската клиника
Почина едноиполмесечно бебе на Клиниката за детски…
Штипјанец ќе одговара за „убивање и мачење…
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.К.(72)…
Во нередите пред државниот универзитет во Нови…
Синоќа пред Државниот универзитет во Нови Пазар…
Што ли ќе правиме сега… Згаснува агенцијата…
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот…