Вучиќ: И Србите и Бошњаците во Нови Пазар сакаат мир и стабилност
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србите и Бошњаците во Нови Пазар сакаат мир и стабилност и дека сите оние што го прекршиле законот ќе бидат повикани на одговорност.
Вучиќ, зборувајќи на РТС, рече дека мирот и стабилноста во земјата ќе бидат зачувани. Тој истакна дека полицијата вчера ја заштитила зградата на Државниот универзитет во Нови Пазар од како што рече, студентските блокади и дека се обидела да не употреби ниту минимална сила против оние што брутално го прекршиле законот. Вучиќ рече дека полицијата никому не му згрешила ништо и дека се однесувала професионално.
„Она што е најважно за народот на Србија, би рекол, и за Бошњаците и за Србите, е да го зачуваме мирот и стабилноста, и колку што Србите беа исплашени синоќа, толку беа и Бошњаците загрижени. И двете страни сакаат мир, стабилност, не сакаат никакви конфликти, бидејќи морам да признаам, освен фактот дека тоа не може да донесе никому ништо добро, каков е рационалниот исход од тоа? Што може да се постигне со тоа?“ рече Вучиќ и додаде: „Важно е емоциите да се смират, сите да седнеме да разговараме и сите што се одговорни да бидат повикани на одговорност“, рече Вучиќ.
Тој исто така најави дека наскоро ќе оди во Нови Пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…