Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден

t

Повеќе од 100 лица се убиени во Појасот Газа како резултат на израелските напади во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство во палестинската енклава, јави ДПА.

Убиени се 104 лица, а 399 се ранети, соопшти Министерството контролирано од палестинската вооружена група Хамас.

ДПА јави дека палестинските власти не прецизираат колку од загинатите и ранетите се борци, а колку се цивили. Агенцијата, исто така, наведува дека не може да ја потврди веродостојноста на податоците.

Според палестинските здравствени власти, повеќе од 60.100 луѓе се убиени во Газа од почетокот на војната, а повеќе од 146.200 се ранети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 луѓе се убиени во израелски…

Повеќе од 100 лица се убиени во…

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа…

„Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт…

„Војна не се добива на сметка на…

„Војна не се добива на сметка на…

Гутереш: Гладот тропа на секоја врата во…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Вознемирувачко! Во Газа за три дена 21…

Шефот на една од најголемите болници во…