ЦУК известува за моменталната состојба со пожарите
Состојба со пожарите на 30.07.2025 до 20:30 часот
На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои:
Активни: 3
Под контрола: 3
Изгаснати: 21
АКТИВНИ:
1. Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово: с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола), друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција. Не се интервенира поради детонации (мешана шума);
3. Општина Прилеп и Општина Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (опш. Прилеп), и селата Галиште и Ќесендре (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
ПОД КОНТРОЛА:
1. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума);
2. Општина Делчево: Градска депонија Острец (ѓубре);
3. Општина Битола: кај тунелот на патниот правец Битола – Ресен (ѓубре);
ИЗГАСНАТИ:
1. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација);
2. Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
4. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума);
5. Општина Сарај: автопат Скопје – Тетово (ѓубре и ниска вегетација);
6. Општина Битола: с. Долно Оризари (ниска вегетација);
7. Општина Прилеп: ул. Јоска Јорданоски (ниска вегетација);
8. Општина Крушево: градска депонија кај м.в. Струнга (ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума);
9. Општина Струмица: с. Просениково (трска);
10. Општина Гевгелија: с. Миравци (грмушки и ниска вегетација);
11. Општина Радовиш: кај базенот во Радовиш (грмушки и ниска вегетација);
12. Општина Валандово: с. Јосифово (грмушки и ниска вегетација);
13. Општина Струга: Струга – Калишта (трска и ниска вегетација);
14. Општина Чашка: с. Оморани (грмушки и ниска вегетација);
15. Општина Росоман: с. Трстеник (напуштени лозови и овошни насади);
16. Општина Штип: с. Чардаклија – с. Караорман (ниска вегетација);
17. Општина Делчево: с. Звегор (ниска вегетација);
18. Општина Куманово: с. Градиште (ниска шума и ниска вегетација);
19. Општина Куманово: населба Баново Трло (ѓубре);
20. Општина Куманово: населба Баново Трло, кај Туш маркет (ѓубре);
21. Општина Боговиње: кај Рио Компани (ниска вегетација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК известува за моменталната состојба со пожарите
Состојба со пожарите на 30.07.2025 до 20:30…
Македонија во пламен
Пожари беснеат ширум Македонија, а од час…
Владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрли целосно во справување…
ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите,…
Мицкоски вели дека состојбата со пожарите е…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата…
Македонија во пекол: 9 пожари беснеат низ…
Додека земјата се соочува со екстремно топло…