Сопствениците на отпадот што гореше во Визбегово осомниченни за загрозување на животната средина
Двајцата сопственици подолг временски период нелегално и без соодветна дозвола за управување со отпад на оваа локација складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друг отпад
Сопствениците на нелегалниот отпад претходно беа обвинети и за нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат, која на денот на пожарот известуваше од терен. За ова кривично дело им се изречени условни затворски казни
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против сопствениците на отпадот за старо железо во скопско Визбегово, каде што избувна голем пожар на 9 јули годинава.
Двете лица – сопственичката и неформалниот сопственик на фирмата од Шуто Оризари која управувала со отпадот – се осомничени за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпад.
Од Обвинителството наведуваат дека тие подолг временски период нелегално и без соодветна дозвола за управување со отпад на оваа локација складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друг отпад.
„На 9 јули, на локацијата бил предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можел веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал биле испуштени чад, пепел и штетни гасови во амбиенталниот воздух и била предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери“,наведуваат од ОЈО Скопје.
Оттаму додаваат дека непосредно по пожарот, мерењата покажале зголемено ниво на загадување.
„Во текот на предистражната постапка, Единицата за економски и компјутерски криминал на СВР Скопје презеде голем број дејствија по наредба на јавниот обвинител, кои вклучуваат обезбедување на целокупната документација за работата на правниот субјект и на други докази. Вонреден инспекциски надзор на локацијата изврши и Државниот инспекторат за животна средина, при што беа констатирани неправилностите во работата и записникот беше доставен до обвинителството“,посочуваат од скопското обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопствениците на отпадот што гореше во Визбегово…
Двајцата сопственици подолг временски период нелегално и…
Жителите на Русиново стражарат и внимаваат да…
Жители на беровското село Русиново остануваат на…
СИЛЕН ОГАН „ЈАДЕ“ ШУМИ, ПОД ЗАКАНА НЕКОЛКУ…
Пеколни горештини и запалена вегетација, во неколку…
Вкупно 16 пожари до 18 часот, седум…
Информација за состојбата со пожари на отворен…
Голем пожар во Куманово, гори отпад за…
Голем пожар попладнево беснее во отпад за…