Димитриевски: ЗНАМ не беше за линеарно зголемување на пензиите, но должни сме да го следиме концептот на ВМРО-ДПМНЕ

t

Градоначалникот на општина Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски вели дека како партија имале друг концепт за покачувањето на пензиите, но, како што вели, не добиле поддршка на последните избори, а поддршка добил концептот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува откако беа изгласани измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се овозможува линеарно покачување на пензиите за двапати по 1000 денари.

-Дали ни се допаѓа или не, ние сме должни да го следиме како партнер во Владата бидејќи тие освоија половина милион гласови, а не ние. Проектот на ЗНАМ не беше за линеарно зголемување туку да добијат најмногу оние со најниски ставки, а оние со највисоки пензии да добијат помалку и да се приклучат на концептот. Таквиот концепт не победи. Видовме дека трендот со линеарното покачување ќе продолжи бидејќи парите ја губат својата вредност, а потребно е во секој дом да влезат поголеми пари. Сепак, мора да се внимава и на стабилноста на Пензискиот фонд. Владата ќе излезе во пресрет на пензионерите во рамките на своите ветувања, кажа Димитриевски во „Вести плус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриевски: ЗНАМ не беше за линеарно зголемување…

Градоначалникот на општина Куманово и лидер на…

Трамп: Кажете му на Медведев да внимава…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека…

Српскиот режисер Горан Марковиќ, кој ги поддржува…

Реномираниот и наградуван југословенски и српски режисер,…

Премиерот од партиски настан во Штип директно…

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

Уште гори на Готен планина, кај Галиште,…

Центарот за управување со кризи утринава информира…