(Видео) Левица поднесе пакет закони за младите и младите брачни парови

t

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, како одговор на тоа како државата да ги стимулира младите да останат и формираат семејство во државата. Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференциja истакна дека овој иницијален пакет од шест предлог-закони произлегува директно од предлози на младите, a целта е да се овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница.

Пакетот закони на Левица ги опфаќа следниве предлози:

1. Воведување горна граница на кириите (моментално има само долна граница);
2. Државна поддршка за купување на прв дом за млади, односно државна гаранција за 95% од станбените кредити (наместо сегашното барање за 15% учество за станбен кредит, тој да се намали на најмногу 5% и државата да ја гарантира отплатата на тие кредити за младите);
3. Простување на дел од станбените кредити при добивање второ, трето дете итн.
4. Ваучер од 6.000 денари за неформална родителска грижа;
5. Намалување на работното време на 6 часа за млади родители до шесттата година на детето;
6.Бесплатен јавен превоз за родители со деца до 6 години.

Како што истакна Мециновиќ, овој пакет закони произлегува после апсурдната понуда на владата за воведување на данок на немажени и неженети. И во ситуација на апсурдни предлози од владата, Левица како опозиција смета дека младите треба да посочат кон какви предизвици треба да се фокусираме како Собрание и која институционална помош е потребна на нашите млади.

Државата нема да ги стимулира младите да формираат семејство со дополнителна репресија и нерационални мерки како најавениот данок за немажени/неженети. Единствен стимул е решавање на горливите проблеми и обезбедување на достоинствени услови за живот.

Овој иницијален пакет мерки на Левица треба да прати сигнал дека државата се грижи за младите, а преку нив и за својата иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…