Хонорарите на историската комисија на МНР се зголемиле за „78 отсто“ додека премиерот најавуваше истрага
За нешто повеќе од една година, хонорарите во Комисијата за историски прашања со Бугарија, што произлезе од Договорот за добрососедство, достигнаа до речиси 2.000 евра на месечно ниво.
Македонските историчари од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија на редовно месечно ниво ги исплаќа Министерството за надворешни работи и трговија.
Според она што може да се забележи на алатката „отворени финансии“, месечниот хонорар на координаторот достигнува 120.000 денари, а останатите членови добиваат по 110.000, 104.000 денари, итн.
Само до пред некоја година оние што беа на платениот список во МНР добиваа по 1.000 евра, а координаторот по 74.000 денари. Од Министерството за надворешни работи не одговорија колку вкупно изнесуваат месечните трошоци за исплата на експертите од овој состав, но велат дека зголемувањето не е донесено со конкретен акт во актуелниот мандат.
„Ве информираме дека висината на надоместоците на членовите на историските комисии останува непроменета и е утврдена со одлука на претходната влада.
Во изминатиот период, со одлука на Владата, беше направена само измена во составот на комисиите, без интервенција во висината на нивните примања“, велат од министерството.
Владата уште во септември лани на седница за претседател (координатор) го назначи Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Други членови се Александар Литовски, Митко Панов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.
Премиерот Христијан Мицкоски по неколку дена побара истражни органи да се вклучат во истрага „која треба да покаже каде се трошеле парите и колкави се хонорарите на членовите на историската комисија“. Тој тогаш искоментира дека биле потрошени илјадници евра за ништо.
Комисијата, најчесто поради субјективни причини, го менуваат својот состав, па така минатата недела, по три години работа, се повлече историчарот Ванчо Ѓорѓиев од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Во последните години нема речиси никакво поместување од „мртва точка“ на средбите на македонската и бугарската страна од мешовитата комисија.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…