Објавено на:

Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

t

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.

Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.

Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте загриженоста во Иркутск: Откажана традиционалната градска…

Градските власти во Иркутск, Сибир, ја откажаа…

Трамп потврди: Имаше закана за американските бомбардери…

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските…

Сиљановска-Давкова: ЕУ вели дека нема проблем со…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Македонија презела…

Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Братот на кралот Чарлс ја тужи полицијата…

Поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор отвори правна…