Објавено на:

Трамп повторно го критикува претседателот на ФЕД: Ја чини земјата билиони долари

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го обвини претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, дека е „премногу политички“ настроен за својата позиција и дека изгубил милијарди американски долари, пишува Ројтерс.

Тој изјави дека постапките на претседателот на ФЕД ги чинеле САД „билиони долари“, вклучувајќи ја и една од „најнеспособните или најкорумпираните реконструкции на згради во историјата на градежништвото“.

„Со други зборови, „Премногу доцна“ е ТОТАЛЕН ГУБИТНИК, а нашата земја ја плаќа цената “, заклучи американскиот лидер.

Трамп постојано го критикуваше Пауел за бавното намалување на каматните стапки, а зборуваше и за можна замена на претседателот на ФЕД.

Сепак, според експертите, замената на Пауел негативно би влијаела врз довербата во монетарната политика на владата и независноста на таа институција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп повторно го критикува претседателот на ФЕД:…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Песков за санкциите на Трамп: Русија е…

Кремљ денес соопшти дека внимателно ги следи…

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПУТИН Русија…

Трамп - враќајќи се од Велика Британија…

САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…

Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…

Трамп заврши на лекар: Портпаролката ги открива…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил на…