Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

t

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оваа тема, Мицкоски изрази задоволство што Македонија е во групата држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но најави и продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување.

„Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој рече дека до 1 август ќе ги објави новите царински, односно не се царини, туку трговски маржи, да ги наречам. Ние сме од 33 % намалени на 15 отсто, преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш по годишните одмори, што ќе ги користат и администрацијата во Кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерствата и во институциите, и очекувам во втората половина на август да продолжиме со преговорите. Очекувам уште да одиме подолу. Во соседството, од она што беше објавено, ја има Србија со 35 %, БиХ со 30 %, Швајцарија со 39 % и ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ и јас сакам во оваа прва фаза да им се заблагодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 %. Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу“, додаде Мицкоски при посетата на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…