И официјално: Изет Меџити ќе трча за Чаир
Попладнево од Влен соопштија повеќе имиња за нивните кандидати за градоначалници. Актуелниот министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити е кандидатот за градоначалник за Чаир на Вреди за претстојните локални избори.
Актуелниот министер за здравство Азир Алиу, веднаш по соопштувањето на имињата си замина, по што не беше дозволено да се постават прашања. Па се уште е нејасно каде живее Меџити во Чаир или во Сарај, и дали ќе треба да се сели за локалните избори.
Откако од коалицијата Вреди објавија дека Изет Меџити е нивниот кандидат за градоначалник на Чаир, актуелниот министер за животна средина и просторно планирање се огласи на социјалните мрежи.
„Од срце – ВИ БЛАГОДАРАМ!
Претседателството е повик што не можам да го одбијам!
Претседателството е обврска што понизно ќе ја исполнам!
За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив правилниот и правилен избор.
Затоа што луѓето од Чаир заслужуваат лидер кој бил, е и секогаш ќе биде меѓу нив, секогаш достапен да им понуди помош и поддршка.
Победа. За Чаир.
Нека биде за наше добро!“, напиша Меџити само на албански јазик на социјалната мрежа ФБ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…