Објавено на:

Германскиот Бундестаг ангажира инструктори по јога и пилатес за борба против стресот кај вработените

t

Администрацијата на германскиот Бундестаг објави јавен повик за вработување инструктори по јога и пилатес, со цел намалување на стресот кај вработените во администрацијата, пренесе „Танјуг“.

Програмата ќе трае од февруари 2026 до јануари 2030 година и е наменета исклучиво за административен персонал – пратениците и нивниот персонал се исклучени од учество, пишува „Билд“.

Во описот на тендерот се наведува дека учесниците на курсевите по јога ќе научат признати методи за управување со стресот, преку вежби за дишење и позиции на телото, со цел да се спречат можните здравствени последици од стресот.

Програмата за пилатес е насочена кон зајакнување на длабоките, честопати запоставени мускулни групи, вклучувајќи ги стомачните, карличните мускули и торзото.

Часовите ќе се одржуваат во просториите на „Мари-Елизабет-Лидерс-Хаус“ во Бундестагот, а ќе бидат обезбедени подлоги и опрема.

Цената на курсевите за учесниците ќе биде 30 евра за 15 часови.

Вкупните трошоци за даночните обврзници сè уште не се познати, бидејќи договорот ќе му биде доделен на понудувачот со најповолна понуда што ги исполнува сите услови, соопшти администрацијата на Бундестагот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…

„Ова е веројатно најстуденото лето во следните…

По екстремните топлотни бранови и поројните дождови…

72-годишна мајка нападната од ќерката, татко повреден…

Серија случаи на семејно насилство и инциденти…

Медузи ги запреа трите реактори на една…

Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…

Судијата што се спротивстави на Орбан е…

Важи за еден од најценетите унгарски правници,…