Најмалку 11 повредени во руски напад во Харков, велат од Украина
Најмалку 11 лица се повредени во петокот во напад со руски дрон во Харков, североисточна Украина, во кој, меѓу другото, беше погодена и станбена зграда, според регионалниот гувернер Олех Синјухубов.
Меѓу повредените се петмесечно бебе и две деца, на возраст од 9 и 10 години, рече Синјухубов во објава на платформата Телеграм. Шестмина од повредените добиле прва помош на местото на настанот, а петмина други се однесени во болница.
Жителите на градот и истоимениот регионот, во близина на руската граница, често се соочуваат со бранови напади од страна на руските сили. Во петокот, 75-годишна жена беше убиена, а двајца мажи беа повредени во друг руски напад, соопштија локалните власти.
Руската инвазија на Украина, која започна во февруари 2022 година, предизвика невидено уништување и одзеде животи на илјадници цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…
Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…
Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…