Вучиќ за американските царини: Разговорите на највисоко ниво се во тек, верувам дека ќе се реши
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека тој и српските тимови разговараат со претставници на Соединетите Американски Држави на највисоко ниво за американските царини што ќе стапат во сила на 7 август.
Одговарајќи на прашања од новинарите по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека верува оти Србија ќе може да го реши проблемот со зголемувањето на царините за извоз во САД во наредниот период.
На 1 август, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која официјално се најавуваат нови царини за увоз од десетици земји, вклучувајќи ја и Србија, кои ќе стапат во сила на 7 август. Според таа одлука, царинските стапки за Србија би изнесувале 35 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…