Новинарката Мисирлиевски за известувањето од Мечкин Камен: Влечкавме тешка опрема со километри низ коријата, паркингот бил резервиран за делегациите
Долгогодишната новинарка на „Телма“ Емилија Мисирлиевски вечерва го изрази својот револт од начинот на кој беа третирани медиумите и новинарите на Мечкин Камен во Крушево за Илинден.
„Полицијата не ни дозволи да се искачиме со возила до местото на настанот, со образложение дека паркингот е резервиран за делегациите. Наместо да подготвуваме извештаи, ние планинаревме и влечкавме тешка опрема со километри низ коријата. Не е првпат ама денешниот однос беше врв на непочитување. Секоја година истата приказна, нема предвидено простор за новинарите, нема место за камерите, ограничено движење, нема основни услови за работа“, напиша Мисирлиевски на Фејсбук.
Таа ги потсети тие што седат по кабинетите и организираат вакви манифестации, дека ако новинарите не го проследат настанот, исто како да не се ни случил.
„И уште нешто, полицијата која обезбедува вакви настани треба да разбере дека ние не сме непријатели на државата, само си ја работиме нашата работа. Денес ни ја отежнавте до крајност“, напиша новинарката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новинарката Мисирлиевски за известувањето од Мечкин Камен:…
Долгогодишната новинарка на „Телма“ Емилија Мисирлиевски вечерва…
Вештачка интелигенција во Владата: Премиерот користи ЧАТГПТ…
Како бе не им е незгодно за…
Трајковски: Ќе ги дадеме националните ресурси, а…
Професорот Дејан Трајковски на укажувањето на премиерот…
Скандал во Црна Гора: Претседателот објави СМС…
Канцеларијата на Милатовиќ доцна во ноќта објави…
Ќе има тендери за сервис: Полицајците ќе…
Известувањето е објавено на интернет-страницата на Бирото…