National Geographic: Охридското езеро задолжително треба да го посетите

t

Од возење велосипед низ три патеки околу германското езеро Констанца до пливање во сенката на високите планини во словенечкото езеро Бохињ, европските езера се толку прекрасни во лето што нема да ви недостига морето ниту за минута. Преполни со историја, култура, храна, плажи, села со улички и голема дивина, еве пет омилени места за да започнете, пишува National Geographic во текст посвететен на убавите езера каде го посочува Охридското Езеро како едно од петте кои задолжително треба да се посетат.

National Geographic го посочи Охридското езеро како едно од петте кои задолжително треба да се посетат.

-Ако не сте слушнале за светското наследство на УНЕСКО, Охридското Езеро, не сте сами, но ви недостасува еден трик. Сместено помеѓу планините на Македонија и источна Албанија, ова зелено-сино езеро е меѓу најстарите и најдлабоките во Европа. Летото ве искушува со капење во проѕирни води, пикници на плажите со камчиња на источниот брег како Потпеш и Лабино, и розово-виолетови зајдисонца што ја возбудуваат душата.

На северниот брег, Охрид е привлечно место за да започнете со заобиколување на езерото, со патека што се протега до карпести плажи и стрмен, топол стар град каде што уличките со калдрма водат до православни цркви и урната средновековна тврдина. Рестораните на брегот ги комбинираат локалните специјалитети како рибја чорба подготвена со езерска пастрмка, лимон и лук со македонски вина. Надвор од Охрид, ќе бидете заведени од културните големи хитови како што се куполниот, византиски стил, исполнет со фрески, високо на карпаите, и реконструираните наколни живеалишта од бронзеното и железното време во Заливот на коските, пишува National Georgaphic

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…

Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…

„25 години живеам благодарение на твојата лесна…

Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…