Објавено на:

Демонстрации по улиците во Израел – бараат ослободување на заложнците

t

Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи ослободување на сите заложници што сè уште се држат во Појасот Газа.

Палестинската милитантна група Хамас користи заложници за „експерименти со гладување“, изјави братот на 24-годишниот Евјатар Давид во Тел Авив, цитиран од „Тајмс оф Израел“. Пропагандно видео на Хамас на кое се гледа многу ослабениот Давид беше објавено со дозвола од неговото семејство претходно вчера.

Скоро петминутното видео го прикажува 24-годишникот како во тесен тунел е принуден да го ископа она што го нарекол „свој гроб“. Во видеото, тој се сеќава на еден ден во јули кога му дале само грав, леќа или ништо за јадење, објави германската новинска агенција ДПА.

Давид беше киднапиран на 7 октомври 2023 година, кога бил на музичкиот фестивал Нова во јужен Израел за време на напад од страна на Хамас и други палестински групи.

-Запрете го овој кошмар што трае веќе 666 дена, напиша Форумот за заложници и исчезнати семејства на „X“, осврнувајќи се на 60.000 луѓе кои протестираа во Тел Авив.

„Потпишете сеопфатен договор со кој ќе се вратат сите 50 заложници и ќе се запре со борбите“.

Според „Тајмс оф Израел“, луѓето излегоа на улиците и во други градови во земјата. Весникот наведува дека ова е еден од најголемите бројки на демонстранти во последните неколку недели.

Братот на Давид, Илај, ги повика израелската влада и светските лидери, особено американскиот претседател Доналд Трамп, да обезбедат ослободување на заложниците „со сите потребни средства“, објави весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демонстрации по улиците во Израел – бараат…

Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи…

Ердоган вети дека ќе го зголеми притисокот…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот…

Израелски министри: Сега е време за анексија…

Израелскиот министер за правда Јарив Левин и…

Над 100 луѓе се убиени во израелски…

Повеќе од 100 лица се убиени во…

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа…

„Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт…