Македонците најмнгу трошат на храна, пијалаци и тутун

t

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави Државниот завод за статистика.

Според официјалните податоци, во јуни 2025 година, во споредба со истиот месец лани, реалната стапка на прометот во оваа категорија е зголемена за 22,5%, додека номиналниот пораст изнесува дури 31,5%.

Податоците покажуваат дека растот не е ограничен само на прехранбени производи. Во категоријата непрехранбени продукти (освен гориво), реалниот раст е 5,2%, а номиналниот 9,2%. И воопшто, во сите групи (освен трговијата со горива), реалната стапка на пораст е 13,9%, а номиналната 20,4%.

Значаен раст е забележан и во трговијата со автомобилски горива, каде реалниот пораст е 8,3%, а номиналниот минимален – само 0,7%, што упатува на стабилизација на цените на горивата, но и на зголемена потрошувачка.

Овие бројки сигнализираат позитивен тренд во потрошувачката, што може да се толкува како знак на зголемена економска активност и доверба кај потрошувачите. Во период кога многу европски економии бележат стагнација, Македонија регистрира стабилен раст на малопродажниот промет, особено кај основните прехранбени производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рангирање на богатство по возрасен човек: Како…

Европа има силно присуство на глобалната листа…

Македонија четврта економија во Европа, ама од…

Поразителни бројки за македонската економија покажува каналот…

Очекувано: Ова се државите со најголем број…

Твитер профилот на Ворлд оф Статистикс објави…

Мал број на новозаразени, 5 лица се…

Министерството за здравство информира, согласно податоците од…