„Цела Европа е во наш дострел“: Путин се заканува со ракети што ги споредува со нуклеарно оружје
Седејќи до белорускиот претседател Александар Лукашенко, рускиот претседател Владимир Путин објави дека руската и белоруската војска веќе одбрале локации за распоредување на балистичките ракети со среден дострел Орешник.
На средбата со Лукашенко, Путин изјави дека првите ракети од новиот хиперсоничен систем ќе бидат стационирани во Белорусија оваа година. Рускиот претседател го предупреди Западот дека новиот ракетен систем може да се користи против земјите што ѝ дозволиле на Украина да ги користи своите ракети со долг дострел за напад врз руска територија.
Командантот на руските ракетни сили изјави дека новата ракета може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави и дека цела Европа е во нејзин дострел. Ракетите достигнуваат брзина до 10 маха, имаат повеќе боеви глави, се имуни на пресретнување и, според Путин, „се толку моќни што можат да се споредат со нуклеарен напад“, објавува „Јутарњи лист“.
Ракетата „Оресник“ со среден дострел (500 до 5.500 км) претходно беше забранета со договорот за контрола на оружјето од времето на Студената војна, но САД и Русија се повлекоа од тој договор во 2019 година.
Путин рече дека подготвителните работи за распоредување на ракетите се во тек и се очекува да бидат завршени пред крајот на годината. Првата серија е веќе достапна за руските вооружени сили.
Русија го пробно лансираше „Оресник“ за прв пат на 21 ноември 2024 година, во напад врз украинскиот град Днепар, каде што, како што велат, целта била воена фабрика од советската ера. Нападот беше претставен од руските власти како одмазда за употребата на американски и британски ракети со долг дострел на руска територија.
Западните аналитичари веруваат дека Орешник е подобрена верзија на рускиот систем РС-26 „Рубеж“, развиен во 2011 година. Путин додаде дека истовременото лансирање на неколку ракети Орешник би можело да има разорен ефект еднаков на нуклеарен удар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…