Јапонска авиокомпанијата воведе бесплатни летови – мора да се исполнат некои услови
Јапон ерлајнс им нуди на странските туристи можност да ги истражат помалку посетените градови во земјата без дополнителни трошоци – но постојат некои услови.
Јапон ерлајнс нуди бесплатни летови до одредени градови во Јапонија за патниците кои резервираат повратни меѓународни летови со нив, објавува порталот Т. Иницијативата не е само промотивна понуда, туку има за цел и борба против прекумерниот туризам во популарните градови како Токио и Кјото, охрабрувајќи истражување на помалку посетените делови од земјата.
Оваа понуда може да биде особено корисна за туристите кои сакаат да комбинираат посета на големи градови со авантуристички патувања до Хокаидо или Хирошима.
Правилото е едноставно – за да се квалификуваат за оваа понуда, патниците мора да резервираат меѓународен лет со „Јапан ерлајнс“, вклучувајќи и домашен лет во рамките на истата резервација. Сепак, постојат одредени услови што авиокомпанијата ги наметнува за да стапи на сила понудата.
Понудата е достапна за патници кои пристигнуваат од одредени земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд, Тајланд, Сингапур, Виетнам, Филипините, Индонезија, Индија, Кина и Тајван, и се претпоставува дека листата може да се прошири бидејќи понудата во моментов не е временски ограничена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тајфун со налети на ветер до…
Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…
Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…
Хирошима ја одбележа 81-годишнината од експлозијата на…
Јапонскиот град Хирошима во четврток ја одбележа…
Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија…
Бројот на жртви од земјотресот со јачина…
13 лица загинаа во земјотресот во Јапонија…
13 лица беа пронајдени мртви додека спасувачките…