Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

t

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

„Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град“, велат од УХМР.

Според најавите, од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

Во Скопје, утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сибиха: Украина се надева на „нова динамика“…

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха…

ЕУ ги менува правилата за онлајн пратки,…

Советот на ЕУ даде конечно одобрение за…

Цената на бензинот во Германија собори историски…

Цената на бензинот „Супер Е10“ во Германија…

Турски медиуми: Средба на директорите на турското…

Директорот на турското разузнавање (МИТ), Ибрахим Калин,…

Мадуро бара американскиот суд да го отфрли…

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро побара од…