Државата „отвори“ мини депонија за хаварисани возила крај Градски во Скопје

t

За скопјани, Градскиот парк и неговата околина се едно од последните места во центарот на главниот град каде барем привремено може да ги одморат сетилата од нападноста на градскиот акустичен, визуелен, па и мирисен метеж. Секој обид да се наруши тој остров, вообичаено е проследен со реакција.

Тоа е и главниот мотив што до редакцијата на „360 степени“ стигна анонимна реакција од граѓани – дека пред речиси цела година, веднаш до градскиот стадион, се депонирани повеќе автомобили кои не се во возна состојба. Не само што никој не ги поместил оттогаш, туку просторот сѐ повеќе наликува на депонија. Сликата не ја гледаат само скопјани, туку и секој странец кој доаѓа на стадионот или во блиските хотели, ресторани и фирми.

Екипа на „360 степени“ излегла на терен. Ги нашле возилата оставени на паркинг, со кој стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на републиката (АДИССДП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…