Левица: На Преспа ѝ се заканува еколошка катастрофа

t

Преспанското Езеро се соочува со драматично опаѓање на нивото на водата, загрозување на биодиверзитетот и сериозни знаци на еколошки колапс, предупредува општинската организација на Левица од Ресен. Од политичката партија Левица алармираат дека надлежните институции, вклучително и локалната власт и ресорното министерство, не преземаат никакви конкретни чекори за спречување на кризата.

Оваа порака Левица – Ресен ја објави денеска на својот официјален профил на Facebook.

Левица – Ресен најостро предупредува на тивката, но опасна еколошка катастрофа што се случува со Преспанското Езеро. Нивото на езерото драматично опаѓа, животинскиот и растителниот свет се доведени до истребување, а институциите – молчат.

Ги прашуваме: – Што презема градоначалникот Тозиевски во својот четиригодишен мандат? – Каде е пратеникот Божиновски – или езерото беше важно само во предизборие? – Како реагира Министерството за животна средина? Апсолутно нефункционално – неми сведоци на колапсот на едно од најзначајните природни богатства во земјата.

Ова не е време за ПР објави и евтини флоскули. Ова е време за итна акција, научно засновани решенија и борба за спас на езерото, кое е природен бисер од светско значење. Да ве потсетиме дека и Охридското езеро е пред еколошка катастрофа, ако не го сочуваме Преспанското.

Одговорноста е ваша. Но и гневот на народот ќе ве стигне кога Преспа ќе стане пуста рамнина. Левица нема да молчи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…

„25 години живеам благодарение на твојата лесна…

Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…

Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…

Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…