Зелен хуман град започна со собирање потписи за основање на политичка партија
Од граѓанската иницијатива Зелен хуман град информираат дека го започнаа процесот на собирање 1.000 потписи за основање политичка партија и за таа цел ги повикаа граѓаните што сакаат да ги поддржат да се приклучат на процесот.
Од ЗХГ велат дека доколку ги обезбедат гласовите, тие ќе бидат првата партија формирана од волонтери, а не спонзори, која ќе трча на изборите.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните.
Роковите се кратки, а принудени сме да формираме партија и да собереме потписи според строги законски правила за да имаме право да се кандидираме на избори и да продолжиме да се бориме. За воздух, за зеленило, за јавен интерес. За Скопје, какво што заслужуваме!“, се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека се единствената политичка група којашто има јавен и отворен процес за самокандидирање, МојКандидат, каде апликациите на сите кандидати се објавуваат јавно и за нив може секој да гласа.
„Веќе втора изборна година по ред ја отвараме вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да ни се придружи на нашата листа за Совет на Град Скопје“, велат од организацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…
Вреди одржува прв конгрес како партија, меѓу…
Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес…
Албански сојуз е новото име на партијата…
Откако Алијанса за Албанците предводена од Арбен…
Српските студенти собрале безмалку 400.000 потписи на…
Студентите завчера ја организираа акцијата „Потпиши победа“,…