Богојески ги правда скандирачите од Куманово, биле испровоцирани од Ахмети и албанскиот шовинизам
Петар Богојески, несудениот директор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, вели дека инцидентот со антиалбанските скандирања на кошаркарскиот натпревар Македонија-Романија во Куманово вчера, ги покажувал, како што вели, „двојните стандарди во односот кон етнички мотивираниот говор и навредите во јавниот простор“.
„Ќе најдете тишина по скандалите со транспаренти во Тетово, додека за македонски навивачи има барање за кривична одговорност… Денес, македонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија! Ако навредите на една етничка заедница се гонат, тогаш МОРА да се гонат и сите други. Или – никој“, пишува Богојески во објава на „Фејсбук“.
Тој додава:
„Македонските млади не се криминалци! Тие се гласот на една потценета генерација што уште верува во сопствената земја! Македонците во Куманово беа испровоцирани од албанскиот етнички шовинизам! Од изјавите на Ахмети со потценување и навредувачки тон кон светиот празник Илинден! Тие не се насилници, ниту мразачи! Да не се срамиме што сме Македонци. Да не се плашиме што сме гласни. Доста со двојните аршини!“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Богојески ги правда скандирачите од Куманово, биле…
Петар Богојески, несудениот директор на Агенцијата за…
Еди Рама сака да ја направи Албанија…
Во земја каде што готовината е крал,…
Петр Павел: Привремена окупација на дел од…
„Привремената окупација на дел од територијата може…
Вучиќ: Европа стои зад апсењата, бара нова…
По седницата на Советот за национална безбедност…
Русија одговори на заканите на Трамп со…
Рускиот претседател Владимир Путин премести најмалку четири…