Во Стојаково пронајдена марихуана – кривична пријава и притвор за едно лице
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци.
На 04.08.2025, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во неговиот дом и дворно место во село Стојаково, при што биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2.80м, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои предмети со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија и било изведено пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Стојаково пронајдена марихуана – кривична пријава…
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…
Притвор за дилер на кокаин од Гевгелија
СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство…
Левица Гевгелија: Над 940.000 евра за одржување…
Локалниот огранок на партијата Левица од Гевгелија…
Запленети околу четири тона марихуана во валандовско
Од страна на полициски службеници од Одделот…
Дилери затекнати при препакување марихуана во тетовско
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…