Објавено на:

Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија

t

усија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ги зголеми увозните давачки на индиската стока поради нејзините купувања руска нафта.

„Не сметаме дека ваквите изјави се легални. Веруваме дека суверените земји треба да имаат и имаат право да ги изберат своите трговски партнери (…) и формите на трговска и економска соработка што се во интерес на една или друга земја“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно, Трамп изјави дека од петок ќе воведе нови санкции врз Русија и против земјите што купуваат руски енергетски ресурси, освен ако Москва не преземе мерки за прекин на конфликтот во Украина.

Сепак, рускиот претседател Владимир Путин не даде никакви знаци за каква било промена во ставот на Русија за војната, забележуваат агенциите.

Њу Делхи ги нарече заканите на Трамп „неоправдани“ и вети дека ќе ги брани своите економски интереси, продлабочувајќи го трговскиот јаз меѓу Индија и САД. Кон крајот на минатата недела, претставници на индиската влада изјавија за „Њујорк тајмс“ дека нивната земја ќе продолжи да купува нафта од Русија и покрај заканата од санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Гренланд ќе биде првата линија на…

Военото присуство на САД на Гренланд ќе…

Трамп: Америка се врати и ѝ оди…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното…

Иран само во септември заработил повеќе од…

Приходите на Иран од продажба на нафта…

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Трамп: Дел од медиумите се закана за…

Американскиот претседател Доналд Трамп обвини некои медиуми…