Кривични пријави против петмина по разоткриена мрежа за шверц на цигари

t

Царинската Управа поднела кривични пријави против пет лица откако разоткрила мрежа за шверц на цигари. Еден од пријавените е сопственик на транспортна компанија.

„Во моментот кога првоосомничениот, возач на транспортна компанија, се обидел да направи примопредавање на цигарите во количина од 171 штека за што требало да му бидат исплатени кеш средства од 3 735 евра од нарачател на делото, истите се приведени од мобилен царински тим, а цигарите и девизите се запленети. По преземени предистражни дејствија од Одделението за истраги, при што извршени се и претреси на домовите како и форензичка анализа на мобилните уреди на сторителите, поднесена е кривична пријава до ОЈО“, се вели во соопштението на Царина.

Оттаму додаваат дека истрагата покажа оти организираната мрежа на повеќе наврати го повторува делото, односно дека штеки цигари се купувани од грчки фришоп и без да се пријават и за нив да се платат давачки, нелегално се внесувале во државата.

„Делото го вршат преку користење товарно моторно возило – цистерна натоварена со нафта. Укажуваме дека секој обид за криумчарење е казнив по закон и истиот ќе биде најстрого санкциониран“,велат од Управата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави против петмина по разоткриена мрежа…

Царинската Управа поднела кривични пријави против пет…

Ѓаволот добива милионски тендери. Полицијата го „бара“…

Осомничен за злосторничко здружување и финансиски криминал,…

(Видео) „Призма“: МПЦ-ОА oснова уште една фирма…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)…

Држава во распад: Сеизмолошките станици низ државава…

Од почетокот на 2026 година, Сеизмолошката опсерваторија…

Помина месец, полицијата уште „го бара“ заканувачот…

Полицијата и по еден месец нема што…