Не сме точеле гориво во неисправни возила, тврди шефот на ЈП „Охридски комуналец“
Директорот на охридското јавно претпријатие „Комуналец“, Сашо Најдески, за ТВ 24 изјави дека не се точни наодите на Државниот завод за ревизија – дека фирмата книжела точење на дизел-гориво и во возила кои се неисправни. Тврди дека имал и документација во прилог на неговото тврдење, но дека ревизорите од нејасни причини не ја зеле предвид.
„Возилата кои се наведени како неисправни во извештајот, во моментот на користење на горивото биле во целосно исправна техничка состојба, а истото може да се потврди од потврда за технички прегледи: Сообраќајни дозволи, Осигурителни полиси за истите, како и службени извештаи за користење на возилата во текот на 2023 година. Наведените возила биле активно користени за извршување на работните задачи на претпријатието, за што има соодветна документација (од за нас нејасни причини стручниот ревизорски тим не ги зеде во предвид овие докази)“, пренесе ТВ 24.
Во извештајот за работењето на охридски „Комуналец“, Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Некои од основните причини за таквите наоди се користењето на нафтата и исплатата на аванси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…
Откриено спомен обележје во чест на Џоко…
Вечерва во Струмица беше откриено спомен обележје…