Поништена постапката за набавка на регистарски таблици

t

Постапката набавка на регистарски таблици за сите видови возила е поништена, но од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат кои се причините со образложение дека постапката моментално е пред Државната комисија за жалби. Нема информации колку компании се пријавиле и која се жали.

– Последниот оглас за јавна набавка за регистарски таблици за моторни возила е објавен на 26.05.2025 година со рок за поднесување на понуди до 25.06.2025 година. Со оваа постапка за набавка планирано е да се опфатат сите видови на обрасци на регистарски таблици за сите видови на возила. За постапката беше донесена одлука за поништување и моментално е во жалба пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, за што не можеме да дадеме повеќе информации во оваа фаза – велат од Министерството за „Слободен печат“.

Застој во регистрацијата на возилата имаше во 2021 година откако истече договорот со старата фирма „Раде Кончар“ и МВР по повеќе од две децении ја прекинаа соработката.

Новата набавка беше обжалена и одложена од Државната комисија за жалби по јавни набавки, па МВР тогаш спроведе итна постапка за обезбедување таблици и беше избрана фирмата „Квантум“ која во соработка со германска компанија ги испорачуваше таблиците со „НМК“ со потпишување на рамковен договор.

Фирмата „Квантум“ како друштво за сообраќаен, внатрешен и надворешен промет е запишана во Централниот регистар во 1990 година. Сопственик е Алија Реџиќ.

ИЗВОР: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО поведе постапка против 20 лица кои…

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО…

Поведена постапка против 5 лица за злоупотреби…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Постапка против 11 лица за коруптивни кривични…

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…

ДО 15 СЕПТЕМВРИ СИТЕ ВЛАДИНИ КОЛИ ТРЕБА…

До 15 септември сите владини возила треба…

Нема нови таблички, МВР набавува налепници со…

Министерството за внатрешни работи (МВР) склучи договор…