Две жени се обиделе да шверцуваат злато вредно 1,3 милиони денари преку „ГП Богородица“
СПРЕЧЕНИ ОБИДИ ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ ЗЛАТО, ЛЕКОВИ И СУПЛЕМЕНТИ – ПРОТИВ ТРИ ЛИЦА ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. , стои во соопштението од Царинска управа
При контрола на багажот и личен претрес, кај патничките било пронајдено злато од 22 и 14 карати, во вкупна тежина од 304 грама како и сертификати за гаранција на златото. За овој накит, требало да бидат платени околу 481.000 денари давачки кон државата.
Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за криумчарење 210 вијали со ботулински токсин за инјектирање – супстанца која се користи во медицината и е под строг режим на увоз.
44 пакувања со вкупно 2.580 капсули суплементи „Afye“ се запленети на Меѓународен Аеродром Скопје.
Вкупно 144 делови за земјоделски машини се откриени при контрола на камион на влез во државата, спроведена од страна на Службата за мобилни скенери на граничниот премин Табановце.
Запленети 21 штека цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката на празен камион-кипер, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.
На граничниот премин Дојран, мобилен царински тим заплени 128 пара обувки со потпис на заштитени трговски марки, поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.
При контрола на пратка со потекло од Дубаи, пријавена за увозно царинење, царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје открија 74 ремчиња за смарт часовници, кои не биле опфатени со царинските документи. , пишува во соопштенето
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
Падна цената на златото на светските берзи
Падна златото на светските берзи. Цената за унца…
Златото денес чини 126 евра за грам
Цената на златото денес на светските пазари…
Денес грам злато чини 130 евра
Цената на златото на светските пазари денес…
Златото поевтино од вчера, грам се тргува…
Цената на златото денес на светските берзи…