Објавено на:

Палестинскиот „Пеле“, убиен во израелски напад додека чекал помош за храна

t

Палестинскиот фудбал тагува, Сулејман Ал-Обеид, еден од најпознатите фудбалери во историјата на палестинскиот спорт, трагично го загуби животот во израелски напад во појасот Газа. Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Палестина, опишувајќи го нападот како „брутален“.

Популарниот Ал-Обеид, познат и по прекарот „Пеле“ поради својата голгетерска умешност, имаше 41 година и беше убиен додека чекал хуманитарна помош во јужниот дел на Газа. Зад себе остави пет деца и богата фудбалска кариера со повеќе од 100 голови, од кои многу беа исклучително важни за палестинската репрезентација на меѓународната сцена.

Фудбалскиот сојуз соопшти дека бројот на загинати фудбалски работници од почетокот на воениот конфликт веќе достигна 321, меѓу нив играчи, тренери, судии, административци и спортски функционери.

Ал-Обеид ќе остане запаметен како симбол на палестинскиот спортски дух и борбеност, но и како жртва на еден трагичен и сè уште нерешен конфликт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…