Трамп размислува да воведе дополнителни царини и за Кина, поради купување руска нафта
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека размислува за воведување дополнителни царини кон Кина, слични на оние кои неодамна ги воведе за Индија, поради континуираното купување на руска нафта.
„Можеби ќе се случи… Сè уште не можам ништо да потврдам. Тоа веќе го направивме со Индија, а веројатно ќе го направиме и со уште неколку земји. Една од нив би можела да биде Кина“, изјави Трамп на новинарско прашање.
На 6 август, Трамп воведе дополнителна царина од 25% за индиската стока, над веќе постоечките давачки, со образложение дека Индија и понатаму купува руска нафта – потег што, според Вашингтон, оди директно против западните санкции кон Москва.
Само неколку дена пред тоа, американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го предупреди Пекинг дека би можел да се соочи со истата судбина – нов царински удар, доколку продолжи со набавката на руски енергенси.
Мерките на Трамп се дел од поширока стратегија за економски притисок врз земјите кои, според него, „финансираат непријателски режими“, во случајов – Кремљ. Ваквиот пристап најавува нов бран економски конфликти на глобалната сцена, во услови кога трговските односи веќе се кревки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп размислува да воведе дополнителни царини и…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Моди: Индија никогаш нема да прави компромис…
Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека…
Договорена локацијата на средбата меѓу Путин и…
Локацијата на средбата Путин-Трамп е договорена и…
Стапија на сила новите царини на Трамп
Новите американски царини за стоки увезени од…
Трамп потпиша повисоки царини за Индија, бидејќи…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со…