Обвинителството поведе постапка за три лица, со боксови нападнале полицајци во Бутел

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени дека заедно извршиле кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата соизвршители, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.

-Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството поведе постапка за три лица, со…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Многу се изморија од работа: Мицкоски оди…

Функционерите во Македонија користат краток летен одмор…

Активен пожарот во село Неготино во Врапчиште,…

Еден активен пожар, еден под контрола и…

Од утре високи температури, Министерството за здравство…

Министерството за здравство информира дека согласно најновата…

Само 26% реализација на капитални инвестиции –…

Соопштение на СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН…