Престојувајте во разладени простории од 11 до 17 часот, велат од МЗ по најавениот пораст на температурите

t

По најавите на синоптичарите за пораст на дневните температури до 39 степени, почнувајќи од денеска до 13 август, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високи температури.

Оттаму додаваат дека ја следат состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

„Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци. Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи. Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот. Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури. Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош. Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот. Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот“, препорачуваат од ресорното министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Престојувајте во разладени простории од 11 до…

По најавите на синоптичарите за пораст на…

Новиот топлотен бран пристигнува: Тропски денови и…

Од денес се зголемуваат температурите. Започнува нов…

Орбан: Моќни групи во Брисел се заинтересирани…

„Постои група, лидерите на Унијата, кои седат…

(Фото) По 12 години градење, телекомуникациската кула…

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски…

Зеленски објави три услови за преговори со…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека неговите…