За малку избегната голема трагедија на скопскиот аеродром: Повторно авион удри во јато птици, овој пат уништен бил моторот – авионот едвај сопрел!

t

Инфомакс дознава дека за малку била спречена огромна трагедија на скопскиот аеродом само поради искуството и знаењето на пилотите кои ги спасиле животите на сите души кои биле на авионот.

Рано утринава околу 04:00 часот наутро авион на Аустијан Ерлајнс удрил во јато птици на скопскиот аеродром што е втор ваков инцидент во рок од два дена.

Една од птиците речиси целосно го уништила моторот на авионот марка Ербас 320. Пилотите по големиот инцидент биле приморани да намалат брзина и воопшто да не полетаат.

Она кое шт ги усложнило условите и несреќата бил фактот што авионот бил пред полетување на крајот од пистата.

За среќа имало доволно простор за авионот да закочи и да се прекине полетувањето.

Летот поради огромната штета на авионот бил целосно одложен.

Ова е втор ваков инцидент за два дена на скопскиот аеродром откако авион на Виз Ер удри во јато птици на полетување па кружеше околу скопскиот аеродром и принудно слета.

Справувањето со јатата птици е сериозен предизвик за сите аеродроми ширум светот, бидејќи судирот на авион со птица ) може да предизвика големи оштетувања, особено ако птицата влезе во моторот. Затоа, аеродромите користат повеќе методи за одвраќање и контрола на птиците во близина на пистите.

Аеродром „Schiphol“ во Амстердам, Холандија користи обучени јастреби и соколи кои ги одвраќање и заплашуваат помалите птици.

Покрај тоа имаат специјализиран радар систем кој ги следи движењата на птици во реално време – софтверот предвидува траектории и дозволува пилотите да добијат предупредување.

Од особена важност е еколошкото менаџирање, односно тревата во околината на аеродромот се одржува на висина од 20-25 см бидејќи на таа висина птиците не се чувствуваат безбедно да гнездат. Дополнително нема ниту едно дрво во близина на аеродромот со цел да не се дозволи гнездење на птиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За малку избегната голема трагедија на скопскиот…

Инфомакс дознава дека за малку била спречена…

(Видео) Еди Рама посака добро утро со…

ДОБРО УТРО со ослободувањето на јавните простори…

Сопругата починала на психијатрија по три обиди…

Според информациите кои ги пренесува ТВ Стар,…

(Видео) Гори болница во Атина – на…

Пожар избувна во болницата „Сотирија“ во грчката…

Се партизира и армијата: Конкурс за 60…

Левица најостро ги осудува тешките неправилности и…