ОН го повика Израел да се откаже од новоодобрениот план за воспоставување воена контрола врз Газа
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк денеска го повика Израел веднаш да се откаже од својот план за воспоставување целосна воена контрола врз Појасот Газа, пренесува Араб Њуз.
„Сè укажува дека новата ескалација ќе доведе до уште поголемо раселување на луѓето, до повеќе убиства, до повеќе неподносливи страдања, до непотребно уништување и ужасни злосторства“, рече високиот комесар, кој често е обвинет од израелските власти дека е сочувствителен кон Палестинците.
Турк ја повика израелската влада да обезбеди непречен пристап до хуманитарна помош за Газа, а не да ја ескалира војната. Заложниците што ги држи палестинската исламистичка група Хамас „мора да бидат ослободени веднаш и безусловно“, рече Турк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…