Спортскиот центар Борис Трајковски правно неактивен и без поднесена завршна сметка за 2024 година, но си распишува тендери
Државната „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје, сопственик на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е правно неактивна – Ваквиот статус е запишан во Централниот регистар, а фирмата нема поднесено ниту завршна сметка за минатата година.
Фактор ја побара официјално завршната сметка на Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје, но до објавување на текстот, не добивме никаков одговор. Досега, Спортскиот центар ги има објавувано завршните сметки на веб страницата, но таму како последна може да се види онаа од 2023 година.

Но, иако правно неактивна, фирмата си распишувала тендери. Последниот бил за сметководствени услуги, кој го добила фирмата „Книговодствено Биро Биланс ЛД“ и е потпишан на сума од над 12 илјади евра за една година.
Фирмата раководи со целиот Спортски центар, под кои спаѓаат и арената, базенот кој е привремено неактивен, фитнес центарот, лизгалиштето, кугланата, конгресниот центар, но и Аква паркот кој не е во функција. Според последните податоци, во оваа фирма има 52 вработени лица.

Последните финансиски извештаи покажуваат дека „Борис Трајковски“ во 2023 година има добивка од 484 илјади евра. Претходните години пак, има работено со загуби, -1,6 милиони евра во 2022 година и -804 илјади евра во 2021 година.
Базенот пак, привремено не функционира поради градежни активности, а откако претходно попушти таванот.
Претходно, Државниот завод за ревизија излезе со низа критики за работењето на Спортскиот центар – забелешки со затоплувањето на базенот, истечена гаранција на реквизитите во Аква паркот, но и немање евиденција што добил СЦ „Борис Трајковски“ од тендерите на Министерството за надворешни работи за доуредувањето, кога таму се одржуваше Состанокот на ОБСЕ. Според ДЗР, најдени се и други пропусти и неусогласености кои се евидентирани, а на кои надлежните треба да работат, со цел нивно надминување.
Од 5 јули минатата година, владата за директор на „Борис Трајковски“ го избра Данијел Апостолоски.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спортскиот центар Борис Трајковски правно неактивен и…
Државната „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје, сопственик на…
Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се…
Премтим Коџаџику, синот на пратеничката на владејачката…
Гаши денеска се очекува да ги распише…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се…
„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир…
Рускиот претседател, Владимир Путин, наводно му презентирал…
Сончево и многу топло со температура до…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…